Женската репрезентација на Македонија од 8 до 13 април ќе настапи во Литванија како дел од Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот. Македонските тенисерки минатата година на домашен терен триумфираа во Третата Европска зона и со тоа обезбедија пласман во повисок ранг. Селекторот Димитар Лабудовиќ беше гостин во програмата на Спортско радио 90,3 ФМ и зборувавме за настапот во Литванија.
„Не очекуваат тешки натпревари во Литваниа, сега сме дел од група на репрезентации кои се со повисок квалитет, а исто така во Литванија доаѓаат со силни состави, фаворит за првото место е Хрватска која ја има пријавено Дона Векиќ (34.место ВТА), од другите селекции за Естонија треба да настапи Каја Канепи. Наша главна цел во Литванија ќе биде да се обезбеди опстанок во Втората Евро-африканска зона“ рече Лабудовиќ.
Со Димитар Лабудовиќ разговаравме и за настапите на нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа чиј тренер е Лабудовиќ:
„Лина имаше добри настапи во Кипар, првиот турнир го одигра одлично и стигна до финалето, а во вториот турнир на мечот кој го играче поцувствува проблеми со една стара повреда на петата која ја имаше од порано и не сакавме да ризикуваме. Наша главна цел оваа сезона е да се подготвиме добро за сите Грен Слем турнири односно квалификациите и да се обдеме да го направиме најголемиот успех , учество на главен турнир од големата четворка. Имавме добар настап на Австралија Опе, се надевам дека така ќе биде и на Роланд Гарос, Вимблдон и УС Опен и дека секаде ќе може лина Ѓорческа да настапи во квалификациите и да се бори за пласман во главниот ждреб“ изјави Лабудовиќ.
За Македонија во Литванија ќе играат: Лина Ѓорческа, Магдалена Стоилковска, Ива Данева, Ана Митевска и Теона Андова. Од петте повикани тенисерки единствена дебитантка е Андова.
Мечевите ќе се играат во СЕБ Арена во Вилнус на тврда подлога, а има вкупно 11 репрезентации, кои ќе бидат подоелени во три групи (една со три национални тима и две со по четири национални тима). Трите првопласирани репрезентации од групите ќе формираат група во која ќе игра секој со секого и двете првопласирани ќе изборат пласман во Првата Евро-африканска зона.
Второпласираните од групата од првата фаза ќе формираат група која ќе игра за пласман од 4-6.место, а третопласираните ќе играат за пласман од 7-9.место. Двете четвртопласирани репрезентации во групите со четири национални тима ќе играат следната година во Третата Европска или Африканска зона.