Француската фудбалска легенда, Кристоф Дугари, во негативен контекст говореше за играта на Килијан Мбапе на пријателските мечеви со Германија и Чиле.
„ Тој е капитен и така треба да се однесува и да биде пример за другите. Велите дека сте подготвени да преземете одговорност дури и ако понекогаш не играте баш најдобро, како на натпреварот со Германија а истиот ефект го имате и против Чиле„ – вели Дугари.
„Мислам дека Мбапе не разбира која е капитенската улога. Тој мора да биде модел, да даде пример. Кога си капитен, мора да бидеш беспрекорен“ – вели Дугари.

