Според – „Football.London“, челниците на Арсенал направиле список на потенцијални засилувања во нападот.
„Топчиите“ во текот на летото ќе се обидат да ангажираат атрактивно име меѓу голгетерите . Во преден план се споменуваат Виктор Осимен (Наполи) и Иван Тони ( Брентфорд).
Тренерот, Микел Арета, во сезонава имаше големи проблеми со честите повреди на Габриле Жесус и мораше да бара принудни решенија во нападот.

