Таеквондо клубот – Младост, во текот на викендот го очекува настап на силниот турнир – „Рамус Опен“ кој ќе се реализира во Скопје. Првиот тренер, Стефан Миленковски, во интервју за Спортско радио 90,3 ФМ, нагласи дека очекува добар настап во јуниорските конкуренции.
„Станува збор за силен турнир на кој ќе се освојуваат бодови. Очекувам голема конкуренција и пред се атрактивни мечеви. Младост ќе настапи со тројца учесници а Христијан Симоновски има реални шанси да дојде до завршницата“ – потенцираше Миленковски.
„Нашиот клуб постои шест години и досега има значајни резултати како на домашната така и на меѓународната сцена. Мислам дека таеквондото полека напредува и дека бројката на натпреварувачи се зголемува посебно по освоениот медал на ЛОИ“ – изјави Миленковски во гостувањето на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.