Дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис е блиску до трансфер во Реал Мадрид, пренесува весникот „АС“. Шпанците ги договориле личните услови од договорот со 23-годишниот Канаѓанец.
Реал е подготвен да плати 25-30 милиони евра за играчот, но самиот Баерн сака да добие околу 50 милиони евра. Оваа сезона Дејвис одигра 31 натпревар на кои постигна гол и 3 асистенции.

