Новак Ѓоковиќ, по се изгледа, нема да настапи на годинешниот „Вимблдон“. Како што објавија италијански извори, Србинот сака подобро да се подготви за Олимписките игри во Париз, кои ќе му бидат приоритет.
Ова е вероијатно и една од причините поради која Горан Иванишевиќ и Новак Ѓоковиќ ја прекинале соработката. Ѓоковиќ се уште нема олимписко злато, а претстојните игри во Париз се одлична можност тоа да се промени.
Ѓоковиќ би можел да донесе уште една изненадувачка одлука во серијата со тоа што ќе покани сосема неочекувана личност да биде дел од неговиот стручен штаб, еден од потенцијалните тренери е Маркос Багдатис, финалистот на Австралија опен во 2006 година.

