Ливерпул ќе направи се што е во нивна моќ за да го обезбеди потписот на Рубен Аморим пред Евро 2024, откако стана јасно дека клубот нема да успее во преговорите со Чаби Алонсо.
Со оглед на ситуацијата, тренерот на Спортинг Лисабон стана цел број 1 на „црвените“ од „Енфилд“. Сепак, за да го привлечат Аморим, Англичаните ќе треба да ја платат поставената ослободителна клаузула во договорот на младиот стручњак, која изнесува 15 милиони евра. Според извори блиски до Ливерпул, на клубот нема да му биде тешко да ја плати сумата, само за да добие потврден одговор од младиот стратег.
Се очекува претставниците на Ливерпул да имаат првични разговори со Аморим следната недела.

