Македонската таеквондистка Мила Рељиќ имаше фантастични борби на Скопје Опен Рамус Г1 натшреварувањето во Скопје. Рељиќ во првото коло ја победи Лихама Асумаја Ангуста (Франција) со 2:0 во рунди.
Во следното коло Мила беше подобра од Андреа Комарина (Црна Гора). Во полуфиналето ја победи италијанката Кристина Гаспам додека во финалето Мила Рељиќ успеа ја победи и Јулика Шпак. Впрочем Рељиќ не изгуби ни една рунда н апатот до златниот медал.
Ова се нови 10 поени за Мила на олимписката и светската ранкинг листа. Честитки за Мила и за Дејан Георгиевки кој исто така се закити со златен медал.
На овој турнир уште учествуваше и Горјан Бадаровски кој имаше одлична борба против искусниот израелец Саасун Иматар.