ФК Работнички утрово информираше дека спогодбено се раздели со досегашниот шеф на стручниот штаб, Гоце Седлоски. Со него заминуваат и неговите соработници, Тони Мегленски и Сашко Поповски.
Од клубот им се заблагодаруваат за посветеноста и професионалноста и им посакува сѐ најдобро во понатамошните кариери.
Во текот на денот од клубот најавија дека ќе биде познато и новото тренерско решение за „Херојот од Дебар Маало“.