Членот на Барселона, Серхи Роберто, кој има договор до крајот на сезоната, сака да остане и понатаму на стадионот – „Камп Ноу“, пишуваат денеска медиумите во Шпанија.
32-годишниот фудбалер кој имаше неколку одлични настапи во континуитет, неодамна се согласи да добие далеку помала плата, само за да ја продолжи соработката со Каталонците.
Затоа се очекува челниците на Барса набрзо да започнат преговори за нов договор.

