Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан и Виктор Линделоф, кои се здобија со повреди на мечот со Бренфорд, веројатно ќе го пропуштат дуелот со Челзи закажан за в четврток.
Џони Еванс исто така е под знак прашалник. Лук Шо, допрва треба да се опорави од повредата на бутот и сигурно нема да биде подготвен за патувањето во Лондон.
Тренерот Тен Хаг нема да може да ги користи и повредените: Тајрел Маласија, Ентони Марсијал и Алтај Бандир.

