Екипата на Форца од Куманово предводена од нашиот најдобар играч, Зоран Левески, супериорно ја освои титулата во домашниот футсал-шампионат. За сезоната, за неговиот личен ефект и за случувањата во репрезентација, Левески проговори во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ.
„Прашањето околу титулата беше решено на полусезоната кога направивме максимален ефект со 9 победи. Покажавме дека отскокнуваме со квалитет и сосема заслужено ја донесовме првата титула во Куманово. Сега се насочуваме кон завршницата на Купот и полу-финалето со Шкупи кој се покажа како достоен ривал“ – вели Левески.
„Во долгогодишната кариера имам освоено 13 титули во Македонија и една во Србија. Имам одлични резултати во Азија. Мислам дека повеќе треба да се работи со репрезентацијата. Треба да создавме млади играчи кои ќе го подигнат нивото на малиот фудбал во нашава земја“ – потенцираше меѓу другото Левески во гостувањето на Спортско радио 90,3 ФМ.
Разговорот проследете го на следниот ЛИНК

