Хрватската полиција соопшти дека синоќа привела 51 лице поради нередите што ги предизвикаа навивачите на Хајдук на стадионот „Пољуд“ и околу стадионот по мечот со Динамо (З) во полуфиналето на Купот. Според извештаите на медиумите, лекарска помош побарале тројца полицајци.
Нередите избија откако Хадук го загуби полуфиналниот меч со Динамо (З) со 1:0 и не успеа да се пласира во финалето. Веднаш штом заврши натпреварот, група локални навивачи истрчаа на теренот со цел да го нападнат гостинскиот тим и навивачите. Само брзата реакција на полицијата спречи поголема несреќа.