Женската фудбалска репрезентација на Македонија оствари победа на стартот на квалификациите за женското Европско превенство 2025 година. Избраничките на новиот селектор Александар Андов успеаја со 3:4 да ја победат Летонија на гостински терен во Рига.
Летонките поведоа во 7. минута со голот на Миксоне, но нашите девојки со двата гола на Гентјана Рочи и погодокот на Наташа Андонова по половина час игра направија пресврт и водство од 1:3.
Летонија потоа двапати се враќаше на гол разлика, но оној гол на Мирчевска во 69. минута за 2:4, беше пресуден.
Новиот селекторот Андонов тргна со победа, па сега го чека и вториот меч со Словенија кој ќе биде одигран на 9 април на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток во 15 часот.

