Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, вели дека целиот тим одиграл лошо на гостувањето кај Манчестер Јунајтед во викенд дербито на Премиер-лигата. „Црвените“ иако имаа предност од 1-0, на крајот мораа да спасуваат реми.
„Тоа се случи по наша вина. Моравме да водиме со 2-0 на полувремето. Имавме се под контрола и навистина е штета“ – вели корпулентниот фудбалер.
„Се чувствувам како да сме загубиле. Промашивме многу шанси а грешките се дел од играта“ – рече меѓу другото стоперот на Ливерпул.