Нашата женска тениска селекција со победа ги стартуваше мечевите во БЏК Купот откако во воедното коло ја совлада Естонија со 2 спрема 1.
Триумфот го обезбедија Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска во игра на двојки откако ги победија Kанепи и Неел со 2-0 по сетови 6:3 и 6:2.
Што се однесува до мечевите во сингл, Стоилковска загуби од Малигина во два сета додека Ѓорческа беше подобра од Канепи со 7-6 и 6-4. Нашите тенисерки во наредното коло ќе ги очекува меч со Хрватска.

