Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн изјави дека четвртфиналниот дуел од Лигата на шампионите против Арсенал во Лондон бил меѓу најголемите натпевари во неговата кариера.
„Тоа е еден од најголемите натпревари во мојата кариера, откако толку години бев во Тотенхем. Среќен сум што успеав да реализирам од пенал и да му помогнам на тимот“, изјави Кејн по нерешените 2:2 на гостувањето во Лондон. Реваншот е на 17 април во Минхен.
„Вечерва моравме да бидеме повеќе од тим. Веројатно беше совршен натпревар бидејќи гостувавме во четврт-финалето на Лигата на шампионите. Мора да покажете страст и тимска игра и го направивме токму тоа. Не беше лесен натпревар. Арсенал има добар тим. Тие се лидери во Премиер лигата во моментов, па моравме да се вратиме малку назад, но резултатот е добар и се надеваме дека ќе го направиме тоа и дома“, коментира англискиот фудбалер на Баерн Минхен.
„Не можеме да бидеме среќни кога не сме победиле, но Арсенал навистина покажа колку е силен тим. Нашите навивачи ќе ја направат разликата. Направивме мал чекор и сега имаме голем натпревар следната недела”. рече Хари Кејн и додаде:
„Малку го променивме нашиот план во дефанзива. Морав малку да го сменам и мојот стил“.

