Илјадници тешко вооружени полицајци ги обезбедуваат стадионите на кои синоќа и вечерва се играа натпреварите од Лигата на шампионите. Терористите на Исламската држава упатија директни закани кон фудбалските натпревари.
Властите во Шпанија, Франција и Британија одговорија со зголемени патроли и проверки на документи и багаж.
Во Мадрид испратија 2.000 полицајци, кои ја исполнија целата населба околу стадионот на Реал Мадрид. Иста ќе биде сликата и денеска кога локалниот Атлетико ја пречекува германска Борусија Дортмунд.
Париз најави и дополнителни безбедносни мерки за вечерашниот натпревар. Утрово полицијата почна да дислоцира паркирани автомобили околу стадионот „Парк де Пренс“ и да поставува бетонски блокови. Високи полициски службеници ги водеа операциите, пренесува Ројтерс.