Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, го пофали начинот на кој неговиот тим одговори по бледото прво полувреме против Атлетико Мадрид. Неговата екипа загуби со 1:2 на „Ванда Метрополитано“, но ги задржаа реалните шанси за пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите.
„Има шанси. Во првите 30 минути дефинитивно не го направивме тоа што треба. Ако направите толку многу грешки на ова ниво, тоа често излегува дека е фатално. Сепак, не се откажавме и покажавме на што сме способни“, прокоментира Терзиќ.
„Точно е дека до паузата направивме повеќе од една или две сериозни грешки, но за мене важно беше како реагиравме. Нерешен резултат немаше да биде незаслужен“, изјави тренерот на Борусија.
„Со нетрпение го очекуваме реваншот. Почувствувавме која е идејата за играта на Атлетико и знаеме што треба да правиме дома“, додаде Терзиќ.