Во текот на викендот во Скопје ќе биде организиран меѓународен карате турнир – „Олимпик Опен 2024“. Тренерот во клубот, Кристијан Младеновски, во гостувањето на Спортско радио 90,3 ФМ, вели дека ќе има исклучително силна конкуренција.
„Минатата сезона бевме изненадени од масовноста. Сега очекуваме околу 1000 учесници со целиот придружен персонал. Досега има пријави од 9 земји но, бројката може да се зголеми. Ќе имаме видни гости меѓу кои и освојувачи на олимписки медали“ – вели Младеновски.
„Натпреварите ќе бидат организирани во повеќе возрасни и тежиниски категории. Ме радува што има голем број на пријавени и од македонските клубови. Целиот настан ќе биде в недела во СЦ Јане Сандански а влезот е слободен. Ги покануваме сите љубители на каратето да дојдат и да проследат интересни борби“ – потенцираше Младеновски во интервјуто за Спортско Радио 90,3 ФМ.