Драган Начевски доби суспензија од две години и парична казна поради непријавување обид за местење натпревари во ЕХФ.
Поранешниот наш судија и делегат, пред една година беше суспендиран но, откако поднесе жалба до Апелацискиот суд, целата постапка беше вратена на почеток. Сега ЕХФ повторно одреди суспензија од две години и парична казна од 5.000 евра.
Целиот случај започна по пријава од данската тв куќа која имаше снимка како Начевски разговора за местење натпревари со кинески бизнисмен. Иако Начевски ја одбил понудата и не учествувал во нелегални акктивности, тој е обвинет дека не го пријавил случајот до ЕХФ.

