Специјалистот за фудбалски финансии, Киеран Мегваер, рече дека Премиер лигата нема да ја земе в предвид продажбата на имоти на поврзаните страни кога го испитува финансискиот фер-плеј.
„Пред неколку години видовме дека Ридинг, Бирмингем, Дерби, Шефилд и уште еден или два клуба продаваат имоти на нивните сопственици за да се обидат да добијат предност од сметководствена перспектива“ – рече Мегваер.
Платите на Челзи изнесуваат 404 милиони фунти, повеќе од Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Само Манчестер Сити им плаќа на своите играчи повеќе од Челзи – 422,9 милиони фунти, вклучувајќи ги и бонусите за освојување на тројната круна.

