Поранешниот фудбалер за врска на Манчестер Јунајтед и на руската репрезентација, Андреј Канчелски, проговори за можниот крај на кариерата на напаѓачот на Локомотив, Артјом Џуба.
„Тешко е да се каже дали е моментот кога Џуба ќе ја заврши кариерата. Сега тој практично не игра а неговите повреди се зачестија“ – вели Канчелски.
Џуба во неговата богата кариера играше за Зенит, турската Адана Демирспор, московски Спартак и голем број други фудбалски клубови.