Карлос Алкараз се повлече од настап на турнирот во Барселона, но според извештаите, тој не е повреден, што е добра вест за неговите фанови.
Шпанецот минатата недела се повлече од Мастерсот во Монте Карло поради физички проблеми, што всушност беше најавено со прекинот и на еден од неговите тренинзи неколку дена пред повлекувањето од турнирот.
Тој продолжи да тренира во Мурсија пред претстојниот Барселона опен, кој го освои двапати, вклучително и минатата година, но нема да игра ниту на тој турнир.
Алкараз треба да биде „фит“ за Мадрид опен, каде, како и во Барселона е бранител на титулата. Потоа според планот треба да се појави и на Отвореното првенство на Италија во Рим.