Францускиот напаѓач на Атлетико Мадрид – Антоан Гризман може да потпише нов договор со тимот, пренесува новинарот Матео Морето.
Според изворот, договорот на играчот истекува во летото 2026 година, но клубот веќе му понудил нов договор на Французинот.
Сериозен интерес за офанзивецот има од ПСЖ и Интер Мајами.
Оваа сезона, напаѓачот одигра 41 натпревар во сите натпреварувања за клубот пд Мадрид, постигнувајќи 21 гол и 8 асистенции.