Ненад Стојановски, претседател на Здружението – „МТБ Илинден, денеска во гостувањето на Спортско радио 90,3 ФМ, го најави специјалниот велосипедски настан во Општина Илинден кој ќе има и хуманитарен карактер.
„Минатата сезона за прв пат организиравме настан кој имаше за цел преку велосипедизмот да ги покажеме убавините на нашата Општина и да им овозможиме на љубителите на здравиот живот да се дружат. Бевме изненадени од бројката на пријавени, се надевам дека годинава таа ќе биде уште поголема“ – вели Стојановски.
„Нашата главна цел е да го доближиме велосипедизмот до најмладите, да покажеме дека тоа не е само спорт туку и начин на здрав живот. Трасата ќе треба да се помине за околу 4-5 часа а тенденцијата е дружење, забава и рекреација. Сите што сакаат да партиципираат, може да се пријавата на нашиот профил на социјалните мрежи – МТБ Илинден“ – потенцираше Стојановски во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ.
Разговорот може да го проследите на следниот линк:

