Фудбалерите на Барселона денеска ќе го пречекаат ПСЖ во реваншот од четврт-финалето во Лигата на шампионите.
Домашниот тренер, Чави Ернандез, се надева дека неговите избраници ќе бидат инспирирани и дека ќе имаат голема поддршка од навивачите во тешките моменти. Неговиот колега на спротивната страна, Луис Енрике, потенцира дека ПСЖ никогаш не успеал да се квалификува во наредната рунда по поразот во првиот натпревар дома, но, е убеден дека ќе се стави крај на таа лоша традиција.
Состави: Барселона: Тер Штеген, Кунде, Араухо, Кубарси, Кансело, Де Јонг, Гундоган, Педри, Јамал, Левандовски и Рафиња. За ПСЖ треба да истрчаат : Донарума, Хакими, Маркињос, Хернандез, Мендеш, Емери, Витиња, Руис, Дембеле, Мбапе и Баркола. Мечот во Шпанија ќе го суди Иштван Ковач од Романија.

