Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Одлични реванш натпревари не очекуваат во четвртфиналето на Лига Европа
    Фудбал

    Одлични реванш натпревари не очекуваат во четвртфиналето на Лига Европа

    risteBy riste18/04/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Не очекува нова серија одлични натпревари во вториот најсилен европски турнир, Лигата на Европа. Сите натпревари се играат од 21:00 часот и се реванш натпревари од 1/4-финалната фаза на турнирот. Фокусот е главно на дуелот Аталанта – Ливерпул, откако тимот на Јирген Клоп претрпе шокантен пораз од 3:0 на домашен терен во првиот натпревар и ќе се надева на чудо за продолжување во полуфинале.

    Рома е домаќин на Милан во многу интересен чисто италијански дуел. Волчицата има предност од еден гол од првиот натпревар и главно ќе се потпираат на своите навивачи додека бараат да стигнат до полуфиналната фаза на турнирот. Росонерите беа успешни против овој противник во последните години и ќе мора да дадат се од себе за да ја продолжат борбата за трофејот.

    Олимпик Марсеј е домаќин на Бенфика откако тимот претрпе пораз од 2:1 во Португалија. Францускиот тим е во страшно лоша форма, се наоѓа во серија од пет порази по ред, успевајќи да постигне само три гола во нив. Бенфика се бори за титулата во Португалија, но е и амбициозна да оди колку што може во Лига Европа.

    Вест Хем ќе има тешка задача да направи пресврт против новиот германски шампион Баер Леверкузен. „Чеканите“ треба да надополнат негатива од два гола, што неизмерно им ја отежнува задачата. Тимот на Чаби Алонсо е насочен кон историска тројна круна, откако веќе освои еден трофеј, се пласираше во финалето на Купот на Германија, а го посакува и финалето во Лига Европа, кое не изгледа далеку.

    Реванш натпревар ¼ финале Лига Европа
    21:00 Аталанта – Ливерпул                      (3:0)
    21:00 Рома – Милан                                   (1:0)
    21:00 Олимпик Марсеј – Бенфика          (1:2)
    21:00 Вест Хем – Баер Леверкузен        (0:2)

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.