Голманот на Рома, Миле Свилар ја коментираше вчерашната победа против Милан со која неговиот тим го потврди пласманот меѓу најдбрите четири во Лига Европа.
„По црвениот картон, на полувремето, Де Роси одржа силен мотивациски говор и завршивме неверојатна работа… Сите дадоа сто проценти, и затоа сме силен тим и вистинско семејство“ изјави голманот на „римската волчица“ за УЕФА.
Италијанскиот тим сега го очекуваат два меча сo Баер Леверкузен. Првиот натпревар ќе се игра на 2 мај во Рим а реваншот ќе биде на 9 мај во Германија.

