Арина Сабаленка ги сподели емоциите по натпреварот со нејзината пријателка Пола Бадоса. Во Штутгарт, Шпанката се повлече на 3:3 во решавачкиот сет поради повреда на колкот и заплака.
„Сочувствувам со неа и навистина се надевам дека што поскоро ќе се опорави и ќе биде подготвена за Мадрид. Повторно, многу сум благодарна што имам пријателка како Пола“ – вели Сабаленка.
„Имам многу силна врска со неа и едноставно не можев да играм. Воопшто не сум среќна што победив на таков начин“ – вели Сабаленка.