Брза реакција на Реал Мадрид откако капитенот Начо Фернандес, неодамна порача дека на крајот од сезоната си заминува од „Сантијаго Бернабеу“, а претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, веднаш тргна по потписот со неговиот наследник, тоа е најбараниот млад дефанзивец во Европа, Лени Јоро.
Јоро, кој има само 18 години, настапува за францускиот Лил и веќе се наоѓа на списокот на желби на гиганти како ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Баерн Минхен, но со вклучувањето на Реал Мадрид во трката по неговиот потпис, шпанските медиуми немаат дилеми за кој тим ќе игра дефанзивецот од следната сезона.
Според медиумите, Перес е подготвен да му плати отштета на Лил во висина од 60 милиони евра, а Јоро од следната сезона би им се придружил на неговите сонародници во Реал бидејќи кралскиот дрес веќе го носат Едуардо Камавинга, Ферлан Менди и Орелијан Чуамени, а наскоро ќе потпише и Килијан Мбапе.
Начо Фернандес (34 години) досегашната кариера ја помина во Реал Мадрид, од 2001 година е дел на академијата на Кралевите, од 2009 до 2013 година играше за вториот тим на Кралевите, а од 2011 година е дел од првиот тим на Реал Мадрид.