28-годишниот симпатизер на Хофенхајм кој фрли запалена ракета на мечот против Аугсбург во Бундеслигата, е осуден на три години затвор.
Таа експлодираше во близина на навивачите, при што беа повредени 14 лица од кои 5 деца. Во почетокот на судењето во Аугсбург, Јавниот обвинител побара 4 години и 10 месеци затвор.
Човекот е обвинет дека предизвикал експлозија на преполниот стадион со 26.000 луѓе, која резултирала со неколку повредени.