Фудбалерите на Јувентус утре ќе гостуваат кај Лацио во реваншот од полу-финалето во Купот на Италија. Тренерот на „старата дама“ од Торино, Масимилијано Алегри, вели дека неговиот тим ќе има тешка задача да ја одбрани предноста од 2-0 обезбедена на првиот меч.
„Очекувам Лацио, кој ќе игра со голема агресивност бидејќи ќе сака да врати два гола. Утре ќе имаме многу тежок натпревар. Ќе мора да одиграме одлично“ – вели Алегри.
„ Утре ќе дознаеме дали бевме добри за да одиме во финале или не. Потоа првенството, неколку бода за да се постигне другата цел“ – нагласи тренерот на Јуве.