Серж Гнабри се надева дека ќе може да настапи на мечот со Реал Мадрид во полу-финалето во Лигата на шампионите закажан на 30 април во Шпанија.
Фудбалерот на Баерн Минхен кој доби повреда на препоните на дуелот со Арсенал, работи под посебен режим. Тој го искористи слободниот ден на тимот за да работи индивидуално во клупската база.
Враќањето на Гнабри ќе биде значајно за Баварците кои останаа без крилниот напаѓач, Кингсли Коман, кој ќе паузира подолго време и може да го пропушти ЕП во Германија.