Една од најдобрите тенисерки во историјата, Мартина Навратилова, се осврна на игрите на Карлос Алкараз и Јаник Синер.
„Јаник е неверојатен. Тој е пример за тоа како работата ви помага да напредувате и да играте на највисоко ниво. Со нетрпение ги очекувам следните десет години и битките на Алкараз, Синер и некои други играчи кои можат да се приклучат“ – вели Навратилова.
„Го сакам Јаник и неговиот ментален став. Алкараз има највпечатливи удари но,те инстинкти на Синер се неспоредливи. Тоа му овозможува речиси секогаш да го освои последниот поен“ – рече тениската легенда.