Наградата –„Laureus“ заврши во рацете на тенисерот – Новак Ѓоковиќ. Србинот по петти пат во кариерата стигна до најпрестижната награда за спортисти.
Неговиот говор на сцената беше посебно проследен од страна на Рафаел Надал. Според реакциите на српските медиуми, Шпанецот наводно бил љубоморен на големиот ривал.
„Сакам да им оддадам признание на сите што се тука. Лауреус е посебна организација и навистина ми е чест што имав можност да ја добијам наградата за прв пат во 2012 година“ – потенцираше Ѓоковиќ кој се израмни со Роџер Федерер.

