Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, не крие дека е пресреќен за освоениот пехар во Серија „А“.
Неговиот тим вчера го совлада градскиот ривал Милан со 2-1 и на пет кола пред крајот на сезоната и теоретски го обезбеди шампионскиот трон. Тоа ќе биде 20-то Скудето во богатата ризница на „нероаѕурите“.
„Победата ја посветувам на целото мое семејство и на моите деца – тие се најубавото нешто што ми го дал животот. Втора шампионска титула и втора ѕвезда со Интер е огромна чест“ – вели напаѓачот на Интер.

