Првиот човек на нашата и воедно на Европската традиционална карате федерација, (ЕТКФ), Дејан Недев, во гостувањето на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ, вели дека е презадоволен од прикажаното на 36-от Европски шампионат во Скопје.
„ Повторно бевме домаќини на голем настан по цели дваесет години. Имаме богато искуство во организацискиот дел . Мислам дека публиката беше презадоволна од прикажаното. Имавме гости од повеќе земји кои се доминантни во традиционалното карате“- изјави Недев.
„Мислам дека нашите млади натпреварувачи имаат добра перспектива. Имаме таленти кои треба да се надградуваат. Би сакал да им се заблагодарам на сите за големата поддршка а посебно на Факулетот – Скопје и на Ректорот, Аце Миленковски“ – нагласи Недев во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ кое може да го слушате на следниов – ЛИНК