Фудбалерот, Иван Ракитиќ, кој го носеше дресот на Барса пред да замине во Ал Шабаб во Саудиска Арабија, проговори за Нејмар и Меси кои на времето играа заедно на „Kамп Ноу“
„Прво, сакам да кажам дека сум голем фан на Нејмар. Тој е мојот омилен играч. Од друга страна, секако дека Меси е најдобриот во историјата на фудбалот“ – рече Ракитиќ.
Хрватскиот фудбалер настапуваше за Барса од 2014 до 2020 година. Одигра 310 натпревари на кои постигна 35 голови и направи 42 асистенции.

