Тренерот, Пеп Гвардиола, по вчерашната победа на Манчестер Сити на теренот на Нотигем Форест, верува дека „граѓаните“ нема да загубат до крајот на сезоната и дека ќе ја одбранат титулата во Премиер-лигата.
„На овој стадион победи Ливерпул во 99. минута, Арсенал победи со 2:1, па и нам не ни беше лесно. Моравме да играме подобро и да го контролираме мечот “ – изјави Гвардиола.
На табелата Арсенал е лидер со 80 бодови пред Сити кој има 79 и натпревар помалку. Ливерпул го има третото место со 75 бодови и практично е отпишан од трката за титулата.