Букајо Сака е првиот англичанец во редовите на Арсенал кој во последниве 30-ет години успеал да постигне голови на двата сезонски меча против градскиот ривал, Тотенхем.
Тоа пред него го направи само легендарниот напаѓач на „топчиите“, Јан Рајт, во сезоната 1993/94. Сака погоди на вчерашното дерби на северен Лондон кое го освои неговиот тим со 3:2 како и на првиот меч на „Емирати“ кога беше 2:2.
Крилниот напаѓач во 33 средби во сезонава во Премиер-лигата има 15 голови и 9 асистенции.