Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, стана рекордер по бројот на најмалку две успешни додавања за гол на еден меч во Премиер-лигата .
Тој на вчерашниот натпревар со Нотингем Форест по 18-ти пат имаше најмалку две асистенции на еден меч што претставува рекорд во историјата на англискиот елитен фудбал.
Репрезентативецот на Белгија на оидграни 14 сезонски средби има 4 голови и 8 асистенции. Веројатно ефектот ќе му беше подобар доколку не отсуствуваше извесен период поради повреда.

