Одбојкарска федерација на Македонија денеска го промовираше новиот селектор, Хари Наковски.
Досегашниот кормилар, Јошко Миленковски, ќе остане во репрезентацијата и ќе помага во работењето на стручниот штаб. Македонија набрзо ја очекува настап во Златната европска лига и воедно во квалификациите за ЕП во 2026 година.
Во Златната лига ќе имаме шест мечеви додека патот до континеталниот собир ќе го бараме во групата со Грција и Грузија. Македонија ќе се обиде по четврти пат да обезбеди место меѓу најдобрите селекции во Европа.

