Крилниот напаѓач на Арсенал, Букајо Сака ја коментираше победата во мечот со Тотенхем (3:2) во последното коло од Премиер лигата и проговори за борбата за шампионската титула со Манчестер Сити.
„Знаеме дека Сити е фантастичен тим, но тие не се совршени и ние само треба да ја завршиме нашата работа. Немаме многу простор за грешки, се сеќаваме на искуството од минатата година и подготвени сме за последните три натпревари“, изјави Сака за „Би-Би-Си“.
По 33 натпревари од англиското првенство, Тотенхем има 60 бодови и е на петтото место. По 35 кола во англиската Премиер лига, Арсенал освои 80 бода и е на првото место. На второто место е Манчестер Сити. Тимот на Пеп Гвардиола заостанува еден бод и има еден натпревар помалку.