Манчестер Јунајтед ќе размислува за продажба на Маркус Рашфорд доколку до канцеларијата на клубот дојдат соодветни понуди за англискиот напаѓач.
Сепак, клубот од Премиер лигата нема да биде проактивен околу разделбата со Рашфорд, кој има повеќе од четири години од договорот на „Олд Трафорд“.
Крајната желба на „црвените ѓаволи“ е да го задржат 26-годишниот играч и да работат со него за да го вратат напаѓачот во неговите најдобри денови.
Рашфорд повторно потпиша со неговиот роден клуб минатиот јули до летото 2028 година.
Тој оваа сезона одигра 40 натпревари за Јунајтед, постигна осум гола и асистираше за уште пет, а во последните денови се дозна дека бил сериозно малтретиран од навивачите на клубот. „Ја ценам вашата поддршка, но навредите се со месеци наназад. Доста е“, напиша тој на социјалните мрежи.

