Дефанзивецот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих се огласи по полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите со Реал Мадрид (2:2).
„Мислам дека одигравме подобро и имавме појасни можности за гол. Секако, штета е што противникот израмни од пенал. Но, видовме дека сме повеќе од способни да се бориме, имаше периоди кога ја контролиравме играта и создававме шанси. Тоа можеме да го направиме и следната недела. Сè уште ништо не е решено, но победникот ќе продолжи понатаму“, изјави Кимих за официјалниот сајт на Баерн.
Да потсетиме, натпреварот помеѓу Реал и Баерн се одигра синоќа , а на „Алијанц Арената“ во Минхен натпреварот заврши со резултат 2:2. Реваншот меѓу двете екипи ќе се одигра на 8 мај на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

