Актуелниот македонски фудбалски шампион, Струга Трим Лум денеска објави прекин на соработката со шефот на стручниот штаб, Шпетим Дуро. Како што објавија од клубот, соработката е прекината во взаемна согласност на двете страни.
Струга му се заблагодари на Дуро за придонесот во периодот додека го водеше тимот и до освојувањето на титулата, но и до одличната сезона во европските купови.