Мамуга Џугели кој му е агент задолжен за трансфери на фудбалерот на Наполи, Квича Кварацелија, ќе ги продолжи преговорите за нов договор со претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис.
Актуелниот на Грузиецот истекува во јуни 2027 година. Проблемот е висината на платата. Грузиецот добива 1,5 милиони евра а Наполитанците се подготвени да ја зголемат сумата на 4. Медиумите објавија дека играчот и неговиот агент, бараат најмалку 5 милиони по сезона.
Де Лаурентис претходно тврдеше дека нема да го пушти лидерот на неговиот тим да си оди за помалку од 100 милиони.