Спортинг Лисабон е шампион на Португалија по 20-ти пат во својата историја и првпат од 2021 година. Ова стана факт синоќа по поразот на Бенфика со 2:0 на гостувањето кај Фамаликао во 32. коло од португалската елита.
Така, на две кола пред крајот, „лавовите“ имаат 84 бодови, додека второпласираната Бенфика остана со 76. Третата позиција е за Порто кој има само со 66 бодови.