Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике не беше многу расположен за зборување по елиминацијата на неговиот тим во полуфиналето од Лигата на шампионите од Борусија Дортмунд.
Францускиот тим на овој меч четири пати ја погоди пречката од голот на противникот, но ниту еднаш не успеа да постигне гол во оваа средба и логично испадна.
„Тоа е суштината. Мислам дека денеска заслуживме многу повеќе. Создадовме многу шанси. Денеска имавме многу шанси, но среќата не беше на наша страна. Шест пречки или стативи на два натпревари и да не можеш да постигнеш гол не е воопшто вообичаено. Немавме среќа и мораме да застанеме и да бидеме позитивни и покрај се. Сега не е време да ја анализираме нашата сезона во Лигата на шампионите. Мора да се обидеме да останеме позитивни“, изјави Луис Енрике.

